Информации за сертификација (SAR)
Овој мобилен уред ги исполнува упатствата за
изложеност на радио бранови.
Вашиот мобилен уред е радио предавател и примател. Тој
е дизајниран да не ги надмине ограничувањата за
изложеност на радио бранови препорачани со
меѓународните упатства. Упатствата се развиени од
независната научна организација ICNIRP и вклучуваат
безбедносни граници поставени за да се осигура
безбедноста на сите лица, без оглед на возраста и
здравјето.
Упатствата за изложеност кај мобилните уреди користи
единица мерка позната како Специфична Апсорпциона
Стапка или SAR. Ограничувањето за SAR наведено во
упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во просек
на 10 грама ткиво. Тестовите за SAR се изведуваат со
користење стандардни оперативни позиции при што
уредот предава на највисокото сертифицирано ниво на
енергија во сите тестирани фреквенциони должини.
Вистинското ниво на SAR на уред кој работи може да биде
под максималната вредност бидејќи уредот е дизајниран
да ја користи само енергијата потребна да се допре до
мрежата. Таа количина се менува во зависност од бројни
фактори како што е колку блиски сте до мрежната базна
станица.
Највисоката дозволена SAR вредност кога уредот се
употреба на уво според ICNIRP е 1,07 W/kg (RH-99) или 1,01
W/kg (RH-105).
Употребата на додатоци за уредот може да резултира со
различни SAR вредности. Вредностите на SAR може да се
разликуваат во зависност од националните барања за
известување и тестирање и од брановата должина на
мрежата. Дополнителни информации за SAR може да се
најдат кај информација за производот на
www.nokia.com.
Дополнителни безбедносни информации 15
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООДВЕТНОСТ
Со ова, NOKIA CORPORATION изјавува дека овој RH-99/
RH-105 производ е во согласност со суштинските барања
и другите релевантни одредби од Директивата 1999/5/EC.
Копија од Декларацијата за соодветност може да се најде
на http://www.nokia.com/phones/
declaration_of_conformity/.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
Nokia, Nokia Connecting People и Navi се заштитни знаци
или регистрирани заштитни знаци на Nokia Corporation.
Nokia tune е звучен знак на Nokia Corporation. Останатите
имиња на производи и компании спомнати во овој
документ, може да се заштитни знаци или заштитни
имиња на нивните соодветни сопственици.
Забранета е репродукција, пренос, дистрибуција или
меморирање на дел или на целата содржина на овој
документ во било каква форма без претходна писмена
дозвола на Nokia. Nokia води политика на продолжителен
развој. Nokia го задржува правото на промени и
подобрувања на кој било од производите опишани во
овој документ без претходно известување.
ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ПРИМЕНЛИВИОТ
ЗАКОН, NOKIA ИЛИ БИЛО КОЈ НЕЈЗИН ДАВАТЕЛ НА ЛИЦЕНЦА
ВО НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА
БИЛО КАКВА ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ ИЛИ НА ПРИХОД ИЛИ
БИЛО КАКВИ ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ
ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ ШТО НА БИЛО КАКОВ НАЧИН СЕ
ПРИЧИНЕТИ.
СОДРЖИНИТЕ НА ОВОЈ ДОКУМЕНТ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО СЕ".
ОСВЕН АКО ТОА НЕ ГО БАРА ЗАКОНОТ КОЈ СЕ ПРИМЕНУВА, НЕМА
ГАРАНЦИИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД, БИЛО ИСТИТЕ ДА СЕ
ИЗРЕЧНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ
ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ГАРАНЦИИТЕ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ
ПРИ ПРОДАЖБА И СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, ВО
ОДНОС НА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА
ОВОЈ ДОКУМЕНТ. NOKIA ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО
ИЗМЕНИ ИЛИ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ ВО БИЛО КОЕ
ВРЕМЕ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.
Достапноста на одредени производи, апликации и услуги
за овие производи може да биде различна во зависност
од регионот. За повеќе детали и за достапноста на
јазичните опции, проверете кај најблискиот дилер на
Nokia. Овој уред може да содржи делови, технологија или
софтвер кои подлежат на законите и прописите за извоз
од САД и од други земји. Пренамената на истите во
спротивност со законот е забранета.
9207662/3. Издание MK
16