Nokia 1200 - Општи информации

background image

Општи информации
За Вашиот уред

Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за

употреба на EGSM мрежи на 900 и 1800 MHz . Контактирајте

го Вашиот обезбедувач на услуги за повеќе информации

околу мрежите.

Вашиот уред може да има претходно инсталирани

зачувани линкови и линкови до интернет страници на

трети страни и може да Ви дозволи да пристапувате на

страниците на третите страни. Овие не се поврзани со

Nokia, и Nokia не гарантира ниту пак ги одобрува овие

страници. Ако пристапите кон таквите страници,

превземете мерки или содржини за безбедност.

Предупредување:

За да користите било која од функциите на овој уред,

освен будилникот, уредот мора да е вклучен. Не

вклучувајте го уредот кога употребата на безжичен уред

може да предизвика пречки или опасност.

Кога го користите овој уред, почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и

легитимните права на другите, вклучувајќи ги и

авторските права. Заштитата на авторските права може

да спречи некои слики, музика, и други содржини да бидат

копирани, модифицирани, или пренесени.

Направете резервни копии или чувајте пишани записи на

сите важни информации што се зачувани во Вашиот уред.

При поврзување со било кој друг уред, прочитајте ги

неговите упатства за корисникот за детални безбедносни

инструкции. Не поврзувајте некомпатибилни производи.

Сликите во ова упатство може да се разликуваат од тие на

екранот на Вашиот уред.

Други важни информации во врска со Вашиот уред

побарајте во упатството за корисникот.

Мрежни услуги

За да го користите уредот мора да Ви биде овозможена

услуга од безжичен оператор. Некои карактеристики не

се достапни на сите мрежи; други карактеристики може

да бараат да направите некои специфични договори со

Вашиот обезбедувач на услуги за да ги користите.

Мрежните услуги вклучуваат пренос на податоци.

Проверете кај Вашиот обезбедувач на услуги за детали за

тарифите во Вашата домашна мрежа и кога сте во

роаминг во други мрежи. Вашиот обезбедувач на услуги

може да ви објасни кои тарифи ќе се применат.

Вашиот оператор може да има побарано некои својства

да не Ви се на располагање или да не се активирани во

Вашиот уред. Доколку е така, тие нема да се појавуваат на

менито на Вашиот уред. Вашиот уред може исто така да

има прилагодени објекти како што се имиња на менија,

редослед на менија, и икони.

Поддршка

Кога сакате да дознаете повеќе за тоа како да го

користите Вашиот производ или сте несигурни како тој

треба да функционира, видете ги страните за поддршка

на www.nokia.com/support или Вашата локална Nokia

web страна, или со мобилен уред, www.nokia.mobi/

support.

Ако ова не ги разреши Вашите дилеми, направете се со

следново:

Рестартирајте го уредот: исклучете го уредот, и

отстранете ја батеријата. По околу минута, вратете

ја батеријата на своето место и вклучете го уредот.

Вратете ги оригиналните фабрички прилагодувања

како што е објаснето во упатството за корисник.

Доколку дилемите останат нерешени, контактирајте со

Nokia за опции за поправање. Видете www.nokia.com/

repair. Пред испраќање на Вашиот уред на поправка.

секогаш направете резервни копии на податоците Во

Вашиот уред.